ТРАМП СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГИ УНИШТИ СИТЕ ЕЛЕКТРАНИ И МОСТОВИ ВО ИРАН АКО НЕ СЕ ПОСТИГНЕ МИРОВЕН ДОГОВОР

    ТРАМП СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГИ УНИШТИ СИТЕ ЕЛЕКТРАНИ И МОСТОВИ ВО ИРАН АКО НЕ СЕ ПОСТИГНЕ МИРОВЕН ДОГОВОРТрамп кажа дека американски бродови веќе се упатени во регионот за да се подготват за следните чекори. (Фото: ДПА)

    Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД утре во Пакистан ќе ги продолжат мировните преговори со претставници на Иран, иако истовремено упати остри закани дека ќе ја нападне цивилната инфраструктура во оваа земја доколку не биде прифатен понудениот договор.

    Преку објава на социјалните мрежи, Трамп го обвини Иран за кршење на прекинот на огнот и за напади врз повеќе европски бродови во Ормускиот Теснец. Тој кажа дека американски бродови веќе се упатени во регионот за да се подготват за следните чекори.

    „Нудиме многу фер и разумен договор и се надевам дека ќе го прифатат, бидејќи ако не го сторат тоа, Соединетите Американски Држави ќе ја онеспособат секоја електрана и секој мост во Иран“, напиша Трамп.

    Тој додаде дека е време да престане дејствувањето на иранската воена машина и рече дека ќе го направи тоа што неговите претходници не го направиле во последните 47 години. Според него, САД нема повеќе да покажуваат попустливост доколку иранската страна го одбие договорот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира