ТРАМП СЕ ЗАКАНИ СО НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН АКО ПРОДОЛЖИ ДА ЈА РАЗВИВА СВОЈАТА НУКЛЕАРНА ПРОГРАМА

    ТРАМП СЕ ЗАКАНИ СО НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН АКО ПРОДОЛЖИ ДА ЈА РАЗВИВА СВОЈАТА НУКЛЕАРНА ПРОГРАМАТрамп кажа дека Израел стои 100% зад мировниот план за Газа (Фото: АП)

    Доналд Трамп им се закани на Хамас и Иран на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Флорида, каде што исто така изрази надеж дека многу брзо ќе почне втората фаза од неговиот мировен план за Газа. Тој предвидува и разоружување на Хамас и Трамп кажа дека палестинската група ќе плати висока цена ако не се согласи со тоа.

    И покрај повремените напади на израелската војска во Газа, Трамп истакна дека Израел „100% стои зад мировниот план“.

    Тој исто така кажа дека САД би поддржале нов напад врз Иран ако земјата продолжи со развојот на своите балистички проектили и нуклеарна програма. Али Шамкани, главниот политички советник на иранскиот врховен водач, возврати дека Иран е спремен да се брани и жестоко ќе одговори на секаква агресија.

    Запрашан колку брзо Израел и Хамас би можеле да преминат на втората фаза од мировниот план, Трамп кажа:

    Што е можно побрзо. Но, мора да има разоружување на Хамас. Ако не го направат тоа како што се согласија, ќе платат висока цена. Хамас мора да го положи оружјето и тоа брзо. И обновата на Газа ќе почне многу брзо“.

    Мировниот план за Газа почна да се спроведува во октомври, но Хамас не го предал телото на уште еден израелски заложник. Во рамките на втората фаза треба да се формира технократска влада во Газа, Хамас да се разоружи, а Израел да ја повлече својата војска. Потоа би почнала обнова на Газа.

    По средбата со Нетанјаху, Трамп кажа дека САД ќе лансираат нови напади врз Иран ако се открие дека користи нови локации за развој на својата нуклеарна програма.

    Се надевам дека не се обидуваат да изградат нови постројки зашто ако го прават тоа, ќе немаме избор освен да ги уништиме. Имам читано дека Иран можеби користи локации различни од оние што ги нападнавме летоска“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира