ТРАМП СООПШТИ ДЕКА Е СПАСЕН АМЕРИКАНСКИОТ ПИЛОТ КОЈ БЕШЕ ИСЧЕЗНАТ ВО ПЛАНИНИТЕ ВО ИРАН

    ТРАМП СООПШТИ ДЕКА Е СПАСЕН АМЕРИКАНСКИОТ ПИЛОТ КОЈ БЕШЕ ИСЧЕЗНАТ ВО ПЛАНИНИТЕ ВО ИРАНТрамп откри дека во операцијата биле вклучени десетици авиони и дека акцијата е завршена без ниту еден убиен или ранет американски војник. (Фото: Американска армија)

    Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Трут соушл“ дека исчезнатиот американски пилот е на безбедно откако бил извлечен од воените сили на САД. Трамп напиша дека американската војска извела една од најсмелите операции за пребарување и спасување во својата историја.

    Станува збор за висок офицер со чин полковник, кој бил лоциран во непријателска територија во планински предел во Иран, каде што бил гонет од локалните сили, откако беше соборен неговиот авион. Претседателот кажа дека американските единици ја следеле неговата локација 24 часа дневно до моментот на неговото извлекување. Според информациите од објавата, офицерот има повреди, но се очекува целосно да закрепне.

    Трамп откри дека во операцијата биле вклучени десетици авиони и дека акцијата е завршена без ниту еден убиен или ранет американски војник. Иако Белата куќа потврди дека имало директен судир меѓу американските и иранските сили за време на мисијата, таа поминала без жртви од американска страна. Ова е втора успешна спасувачка мисија во изминатите два дена, откако вчера беше спасен уште еден пилот, чиј случај не беше веднаш потврден за да не се загрози безбедноста на втората операција.

    Локацијата на исчезнатиот офицер претходно беше поврзувана со југозападниот дел на Иран, односно провинцијата Кохгилује и Бојер-Ахмад. Трамп додаде дека Соединетите Американски Држави никогаш нема да остават свој војник на бојното поле.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира