ТРАМП ТВРДИ ДЕКА БИЛ ВО ГАЗА И ДЕКА БИ МОЖЕЛ ДА ЈА НАПРАВИ ПОДОБРА ОД МОНАКО

    ТРАМП ТВРДИ ДЕКА БИЛ ВО ГАЗА И ДЕКА БИ МОЖЕЛ ДА ЈА НАПРАВИ ПОДОБРА ОД МОНАКОТрамп кажа дека Газа е најдобрата локација на Блиски Исток (Фото: АП)

    Доналд Трамп тврди дека бил во Газа, иако нема докази дека некогаш ја посетил оваа палестинска енклава уништена од војна.

    Гостувајќи во радиоемисијата на десничарот Хју Хјуит, Трамп кажа дека ја посетил Газа и додаде дека верува дека таа би можела одново да се изгради и да се претвори во Монако.

    „Би можела да биде и подобра од Монако. Тоа е најдобрата локација на Блиски Исток, најдобрата вода, сѐ е најдобро и тоа го зборам со години. Сум бил таму и тоа е грубо место. Беше грубо и пред сите напади и сето она што се случуваше таму во изминатите години“, изјави Трамп.

    Додаде дека како инвеститор би можел да ја претвори Газа во најубавото место.

    „Тие никогаш не го искористија сето она што го имаат. Времето, водата, климата, Газа би можела да биде најубавата и најдобра работа на Блиски Исток“, кажа Трамп.

    Хјуит не го потпраша Трамп кога бил во Газа, но „Њујорк тајмс“ објави дека нема докази дека тоа се случило, и кога беше претседател на САД и пред тоа.

    „Газа е во Израел. Претседателот Трамп беше во Израел“, изјави функционер од кампањата на Трамп.

    Во реалноста, Газа никогаш не била дел од Израел. Таа беше дом на илјадници еврејски доселеници до 2005, кога беа повлечени оттаму согласно план на тогашниот израелски премиер Шарон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира