ТРАМП ВО СЛЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ЌЕ ГО НАПАДНЕ ИРАН, КАЖА БЕЛАТА КУЌА

    ТРАМП ВО СЛЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ЌЕ ГО НАПАДНЕ ИРАН, КАЖА БЕЛАТА КУЌАНекои американски медиуми објавија дека Трамп одобрил планови за напади врз Иран, но засега не донесол конечна одлука (Фото: АП)

    Белата куќа кажа дека Доналд Трамп во следните две недели ќе донесе одлука дали САД ќе се приклучат кон израелските воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки.

    Врз основа на фактот дека постои значителна шанса за преговори со Иран, што може или нема да се одржат во блиска иднина, претседателот Трамп ќе донесе одлука дали ќе нападне или не во следните две недели“, кажа портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.

    Некои американски медиуми вчера објавија дека Трамп одобрил планови за напади врз Иран, но засега не донесол конечна одлука дали да го направи тоа. Тој засега се воздржувал од напади, надевајќи се дека Иран ќе се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма, изјави извор од американското разузнавање за Си-Би-Ес. Главна мета на САД би била подземната и силно чувана нуклеарна постројка Фордо, бидејќи Израел немал капацитети да ја бомбардира.

    Трамп вчера неодредено кажа дека можеби ќе го нападне Иран, можеби не и потоа ги искара американските медиуми дека не можат да знаат што тој мисли.

    Имајте доверба во претседателот Трамп. Тој верува дека сѐ уште има суштински шанси за преговори. Главен приоритет на претседателот е да се осигура дека Иран нема да создаде нуклеарно оружје“, кажа Ливит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира