Најдоброто од германскиот политички и општествен живот се собра денеска во парламентот во Берлин за изборот на нов претседател.
Но, травеститот Оливија Џонс беше ѕвезда на вообичаено здодевната процедура, додека делегатите се собираа да гласаат за кој да ја преземе претежно церемонијалната функција. 48-годишниот Џонс е еден од 1.260-те членови на Сојузната конвенција, во која членуваат пратеници и водечки личности од заедницата, и која го избира новиот претседател.
ШТАЈНМАЕР ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГЕРМАНИЈА СО ОГРОМНО МНОЗИНСТВО ГЛАСОВИ
Со огромна портокалова перика и светлосин фустан, Џонс, со вистинско име Оливер Кнебел, беше најзабележителен меѓу членовите на Сојузната конвенција.
Опишувајќи се себеси како „декларација на сè што е различно“, Џонс во парламентот кажа: „Јас сум како обоена дамка тука“.
По разговорот со Меркел, Џонс беше во центарот на вниманието и многуминаа сака да направат самослик со него. Џонс, кој е висок над два метра, во интерјву пред гласањето кажа дека може да се замисли како претседател.
„Функцијата би ми одговарала прекрасно. Нема да биде здодевно со мене“, изјави Џонс за „Сарбрикен Цајтунг“.
На Конвенцијата, Џонс е делегат на Зелената партија од централната германска покраина Долна Саксонија.
Поранешниот германски министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер беше избран за претседател со 75 отсто од гласовите. 61-годишниот Штајнмаер доби поддршка за кандидатурата од владејачката коалиција на канцеларката Ангела Меркел.