ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ПАРТНЕРИ, А НЕ СОПЕРНИЦИ, МУ КАЖА ШЈИ ЏИНПИНГ НА ТРАМП НА САМИТОТ ВО ПЕКИНГ

    ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ПАРТНЕРИ, А НЕ СОПЕРНИЦИ, МУ КАЖА ШЈИ ЏИНПИНГ НА ТРАМП НА САМИТОТ ВО ПЕКИНГОва е прва посета на еден американски претседател на Кина од 2017 година (Фото: АП)

    Кинескиот претседател Шји Џинпинг му рече на Доналд Трамп на почетокот на дводневниот самит дека трговските разговори постигнуваат напредок, но предупреди дека несогласувањето околу Тајван би можело да ги одведе односите на опасен пат. Коментарите на кинескиот лидер ја поставија сцената за она што Трамп го опиша како можеби „најголемиот самит досега“.

    По помпезната церемонија на отворање во присуство на почесна гарда и толпи деца кои мавтаа со цвеќиња и знамиња, Шји го отвори самитот кажувајќи му на Трамп дека стабилните односи помеѓу двете најголеми економии во светот се од корист за целиот свет.

    „Кога соработуваме, двете страни имаат корист, кога се спротивставуваме, двете страни страдаат. Треба да бидеме партнери, а не соперници. Треба да си помагаме едни на други за да напредуваме и да го најдеме вистинскиот начин големите земји да се сложуваат во новата ера.“, рече Шји, на што Трамп му одговори:.

    „Вие сте одличен лидер. Понекогаш луѓето не сакаат да го кажувам тоа, но, сепак, го кажувам. Чест е да се биде ваш пријател. Има такви кои велат дека ова можеби е најголемиот самит досега. Американско-кинеските односи ќе бидат подобри од порано“.

    Шји рече дека преговорите помеѓу економските и трговските тимови вчера постигнале „целосно избалансиран и позитивен исход“. Последната рунда преговори имаше за цел да го одржи трговското примирје постигнато помеѓу Трамп и Шји во октомври и да воспостави механизми за поддршка на идните инвестиции и трговија, изјавија официјални лица запознати со ова прашање.

    Шји го отвори и прашањето на Тајван, за кој Кина тврди дека е вооружен од САД. Кинескиот лидер му рече на Трамп дека Тајван е најважното прашање во односите помеѓу САД и Кина и дека ако се третира лошо, може да доведе до конфликт и исклучително опасна ситуација.

    Ова патување е важно за САД, бидејќи доаѓа во време на засилени економски и технолошки тензии помеѓу двете земји, па Трамп поведе деловна делегација, во која се и некои од најважните извршни директори од технолошката индустрија. Ова е прва посета на еден американски претседател на Кина од 2017 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира