Неколку илјади луѓе трет ден по ред протестираа против победата на Александар Вучиќ кој победи на претседателските избори минатиот викенд.
Свиркајќи со свирчиња и извикувајќи слогани против Вучиќ демонстрантите маршираа низ Белград и други градови. Тие носеа транспаренти со слогани како “Долу диктатура“ и „ Стоп за теророт на владата“.
Демонстрантите, повеќето од нив млади, се собрале на улиците организирани од повици на социјалните мрежи. Не се знае кој ги организира протестите, но владата тврди дека протестите се организирани од страна на опозицијата.
Студентските организации во Белград и Нови Сад бараат смена на државната изборна комисија, уредниците на државната телевизија и на спикерот на парламентот.