ТРЕТАТА РУНДА ПРЕГОВОРИ УКРАИНА-РУСИЈА НЕ ДОНЕСЕ ЗНАЧАЕН НАПРЕДОК

    ТРЕТАТА РУНДА ПРЕГОВОРИ УКРАИНА-РУСИЈА НЕ ДОНЕСЕ ЗНАЧАЕН НАПРЕДОКИ денешната евакуација на цивилите не се одвиваше како што беше замислена (Фото: АП)

    Третата рунда мировни преговори помеѓу Русија и Украина заврши без да се постигне забележителен напредок.

    „Има мал позитивен напредок во логистиката на хуманитарните коридори, но не е договорено ништо за пошироката ситуација да се подобри значително“, изјави Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Зеленски.

    Од рускиот преговарачки тим кажаа дека преговорите ги исполниле очекувањата и дека ќе бидат продолжени.

    Пред почетокот на денешните разговори во Белорусија, Москва како услови за запирање на нападите побара од Украина да прекине со воената акција, да вгради неутралност во својот устав, да го признае Крим за руска територија и да ги признае народните републики Доњецк и Луганск како независни територии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира