ТРЕТПАТ ОВОЈ МЕСЕЦ РУСИЈА ГО НАПАДНА КИЕВ СО СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ПРОЕКТИЛИ, ВЕЛИ УКРАИНА

    ТРЕТПАТ ОВОЈ МЕСЕЦ РУСИЈА ГО НАПАДНА КИЕВ СО СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ПРОЕКТИЛИ, ВЕЛИ УКРАИНАСите проектили биле соборени додека се доближувале кон градот (Фото: украинска војска)

    Русија го изведе третиот напад со балистички проектили врз Киев овој месец, при што првичните информации велат дека сите биле соборени додека се доближувале кон градот.

    Утрово околу пет часот непријателот повторно го нападна Киев. Ова е веќе трет напад со балистички проектили врз главниот град во август, со точни интервали од шест дена меѓу секој напад. Првичните информации кажуваат дека Русите повторно, третпат по ред, најверојатно користеле севернокорејски проектили ‘КН-23‘“, изјави шефот на воената управа на Киев, Серхиј Попко.

    Тој додаде дека противвоздушната одбрана соборила и неколку руски дронови.

    Нема извештаи за штети и жртви“, кажа Попко.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира