ТРИ ДЕЦА МЕЃУ 41 ЗАГИНАТ МИГРАНТ ВО БРОДОЛОМ НА ПАТ ОД ТУНИС ДО ИТАЛИЈА

    ТРИ ДЕЦА МЕЃУ 41 ЗАГИНАТ МИГРАНТ ВО БРОДОЛОМ НА ПАТ ОД ТУНИС ДО ИТАЛИЈАПоследниве денови, италијански патролни чамци и добротворни групи спасија уште 2.000 луѓе кои пристигнаа на Лампедуза. (Фото: Гети)

    Четириесет и еден мигрант загинаа во бродолом кај италијанскиот остров Лампедуза, изјавија преживеаните за локалните медиуми. Преживеаните – тројца мажи и една жена – им кажале на спасувачите дека биле на брод со 45 луѓе, меѓу кои и три деца.

    Тие кажале дека минатиот четврток тргнале со брод од Сфакс во Тунис, но на пат за Италија, по неколку часа бродот потонал. Ги спасил товарен брод, а потоа биле префрлени на брод на италијанската крајбрежна стража.Четворицата преживеани, по потекло од Брегот на Слоновата Коска и Гвинеја, денеска стигнаа до Лампедуза.

    Повеќе од 1.800 луѓе годинава загинаа на преминот од Северна Африка кон Европа.

    Италијанската крајбрежна стража во неделата пријавила два бродолома во областа, но не е познато дали овој брод е еден од тие.

    Туниските власти велат дека Сфакс, пристанишен град на околу 130 километри од Лампедуза, е популарен за мигрантите кои бараат безбедност и подобар живот во Европа. Последниве денови, италијански патролни чамци и добротворни групи спасија уште 2.000 луѓе кои пристигнаа на Лампедуза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира