ТРИ ДЕЦА НА ДАНСКИ МИЛИЈАРДЕР МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ ВО НАПАДИТЕ ВО ШРИ ЛАНКА

    ТРИ ДЕЦА НА ДАНСКИ МИЛИЈАРДЕР МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ ВО НАПАДИТЕ ВО ШРИ ЛАНКААндерс Холх Поулсен со сопругата и четирите деца биле на велигденски одмор во Шри Ланка (Фото: ПА)

    Три деца на данскиот милијардер Андерс Холх Поулсен се меѓу загинатите во вчерашните бомбашки напади во Шри Ланка, во кои според последните информации има најмалку 290 мртви и над 500 повредени.

    Поулсен со сопругата и со четирите деца биле на велигденски одмор во Шри Ланка и Министерството за надворешни работи на Данска претходно потврди дека меѓу загинатите има и тројца дански државјани.

    Четириесет и шестгодишниот Поулсен е извршен директор на данската трговска компанија „Бестселер“, која е проценета на 4,5 милијарди фунти и во чија сопственост се неколку брендови. Тој, исто така, е најголемиот акционер во онлајн продавниците „Асос“ и „Заландо“ и поседува повеќе од еден отсто од целото земјиште во Шкотска. На последната листа на милијардери на магазинот „Форбс“ се најде на 252. место.

    Освен Данци, потврдено е дека во нападите загинале и државјани на Велика Британија, САД, Холандија, Кина, Турција и Португалија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира