ТРИ ЛИЦА УАПСЕНИ ЗА ЛАНСКИОТ СПЕКТАКУЛАРЕН ГРАБЕЖ НА ДИЈАМАНТИ ВО ДРЕЗДЕН, ВО АКЦИЈАТА УЧЕСТВУВАЛЕ НАД 1.600 ПОЛИЦАЈЦИ

    ТРИ ЛИЦА УАПСЕНИ ЗА ЛАНСКИОТ СПЕКТАКУЛАРЕН ГРАБЕЖ НА ДИЈАМАНТИ ВО ДРЕЗДЕН, ВО АКЦИЈАТА УЧЕСТВУВАЛЕ НАД 1.600 ПОЛИЦАЈЦИПолицијата не го објави идентитетот на уапсените, освен дека се германски државјани (Фото: АП)

    Повеќе од 1.600 полицајци изведоа серија претреси во Берлин и уапсија три лица кои се поврзуваат со ланскиот спектакуларен грабеж во музејот Зелен трезор во Дрезден, кога беше украден дијамантски накит од 18. век. Полицијата не го објави идентитетот на уапсените, освен што кажа дека се германски државјани.

    Тие се сомничат дека минатиот ноември украле три комплети дијамантски накит, дел од колекцијата што владетелот на Саксонија Августус Силниот ја создал во 1723 година и која оттогаш се чуваше во Зелен трезор, еден од најстарите музеи на светот. Меѓу украдените предмети е и меч обложен со девет големи и 770 мали дијаманти.

    „Оваа акција е фокусирана на потрага по украдените уметнички богатства и можни докази“, се вели во соопштението на полицијата.

    Во масовната операција полицијата извршила претреси на 18 локации, вклучувајќи станови и гаражи. Се верува дека тројцата уапсени се припадници на озлогласена криминална мрежа со седиште во Берлин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира