ТРОЈЦА ФРАНЦУСКИ ТИНЕЈЏЕРИ СЕ УДАВИЛЕ ОТКАКО НИВНИОТ АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТ И ПАДНАЛ ВО БАЗЕН

    ТРОЈЦА ФРАНЦУСКИ ТИНЕЈЏЕРИ СЕ УДАВИЛЕ ОТКАКО НИВНИОТ АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТ И ПАДНАЛ ВО БАЗЕНПоминале неколку часа пред да бидат повикани пожарникари за да го испразнат еден и пол метри длабокиот базен (Фото: АФП)

    Тројца тинејџери загинале кога нивниот автомобил излетал од пат во јужна Франција, поминал низ ѕид и паднал наопаку во приватен базен, заробувајќи ги внатре. Возилото било со слична големина како базенот, па тинејџерите на возраст од 14, 15 и 19 години не можеле да ги отворат вратите и се удавиле.
    Оваа бизарна несреќа се случи во градот Алес вчера во раните утрински часови.

    „Ова е навистина врвот на ужасот. Тие не починаа од последиците на несреќата. Тие се најдоа наопаку во ледена вода, не можејќи да излезат. Немале никаква шанса“, рече јавниот обвинител Абделкрим Грини.

    Непотврдени извештаи сугерираат дека најмладата од трите жртви била зад воланот во тој момент.
    Несреќата која се случи во ноќта со обилни дождови е резултат на неверојатна низа околности“, додаде Грини.

    Тој кажа дека автомобилот пробил низок ѕид во градината, се превртел и слетал со сите четири тркала во воздух. Поминале неколку часа пред да бидат повикани пожарникари за да го испразнат еден и пол метри длабокиот базен и да го отстранат возилото.

    Според француските извештаи, во автомобилот биле пронајдени канистри со азотен оксид, супстанца што може да предизвика опуштеност, вртоглавица или зашеметеност кај корисниците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира