Тројца загинаа и неколкумина се повредени во сабота вечер во напад со нож за кој се верува дека е поврзан со тероризам во англискиот град Рединг. Уапсен е осомничен, за кого агенцијата ПА јави дека е Либиец.
Локалната полиција кажа дека неколку повредени се пренесени во болница, а двајца од нив се во критична состојба.
На социјалните мрежи се појави видео со најмалку две крвави тела, но властите апелираа до граѓаните да не споделуваат такви содржини.