ТРОЈЦА НАУЧНИЦИ КОИ ГО ОТКРИЈА ХЕПАТИТ Ц ЈА ДОБИЈА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА

    ТРОЈЦА НАУЧНИЦИ КОИ ГО ОТКРИЈА ХЕПАТИТ Ц ЈА ДОБИЈА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНАХарви Алтер, Мајкл Хаутон и Чарлс Рајс ќе поделат сума од еден милион шведски круни (Фото: Нобел медија)

    Тројца научници кои го открија вирусот хепатит Ц ја поделија годинашната Нобелова награда за медицина. Таа ќе им припадне на британскиот научник Мајкл Хаутон и Американците Харви Алтер и Чарлс Рајс.

    Хепатит Ц многу често е тивка инфекција, која годишно погодува 70 милиони и убива 400.000 луѓе. Вирусот е честа причина за рак на црниот дроб и главна причина зошто на луѓето им треба пресадување.

    Нобеловиот комитет ја опиша нивната работа како историско постигнување и додаде дека тројката направила решавачки придонес во борбата против крвно преносливиот хепатитис.

    „За првпат во историјата, хепатит Ц може да се лекува, што ги зголемува надежите дека оваа болест може да се искорени во светот“, соопшти Нобеловиот комитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира