Три лица се убиени и уште четири други се сериозно повредени во напад со нож во западниот германски град Солинген, соопшти локалната полиција. Нападот се случи за време на фестивал во центарот на градот во петокот вечер. Напаѓачот е во бегство.
Германскиот весник „Билд“ објави дека маж по случаен избор бодел минувачи. Во тек е голема потрага по напаѓачот, вклучени се и хеликоптери.
Градот славеше 650 години од основањето.
Градските власти веднаш побараа од граѓаните да ја напуштат областа околу плоштадот Фронхоф, додека полицијата поставуваше кордони по нападот што се случи во 22 часот.
Дополнително, патиштата се блокирани, а од жителите се бара да останат во своите домови додека трае потрагата.