ТРОЈЦА УБИЕНИ ВО НАПАД СО НОЖ ВО ГЕРМАНСКИОТ ГРАД ВИРЦБУРГ

    ТРОЈЦА УБИЕНИ ВО НАПАД СО НОЖ ВО ГЕРМАНСКИОТ ГРАД ВИРЦБУРГНапаѓачот е приведен откако бил ранет со полициски куршум (Фото: Ројтерс)

    Три лица се убиени во напад со нож во Вирцбург во германската покраина Баварија. Полицијата кажа дека има и петмина повредени.

    Напаѓачот е фатен и приведен откако бил ранет со полициски куршум, но животот не му е загрозен. Тој е идентификуван како 24-годишник од Сомалија кој живеел во Вирцбург.

    Делови од градот се блокирани по нападот. Засега нема информации за мотивот.

    „Немаме никакви назнаки дека има и други напаѓачи. Ситуацијата е под контрола“, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека веќе нема опасност по населението.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира