ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО КИЕВ ВО ДЕНЕШНИОТ РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД, БЕЗ СТРУЈА ОСТАНА И ПОЛА МОЛДАВИЈА

    ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО КИЕВ ВО ДЕНЕШНИОТ РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД, БЕЗ СТРУЈА ОСТАНА И ПОЛА МОЛДАВИЈАКиев беше еден од ракетираните украински градови денеска (Фото: АП)

    Русија испукала 70 проектили во денешниот ракетен напад на Украина, од кои 51 бил пресретнат од противвоздушната одбрана, објави украинската војска. Цел на нападите повторно беше енергетската инфраструктура, при што без струја остана не само целиот Лвов, туку и половина Молдавија.

    Вицепремиерот на Молдавија, Андреј Спину, изјави дека имало големо снемување струја по денешниот напад во соседната Украина, што опфатило повеќе од 50% од земјата.

    До 15:35 часот, снабдувањето со струја е обновено во главниот град Кишињев“, кажа Спину.

    Украинската компанија за атомска енергија „Енергоатом“ соопшти дека две нуклеарни централи, меѓу кои и втората најголема во земјата, биле исклучени од националната енергетска мрежа поради денешните руски воздушни напади.

    Киев беше еден од ракетираните украински градови денеска, при што загинаа најмалку тројца цивили, вклучувајќи 17-годишна девојка, кажа градоначалникот Витали Кличко.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира