ТРОЈЦАТА КРЕАТОРИ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКАТА БАТЕРИЈА ЈА ДОБИЈА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ХЕМИЈА

    ТРОЈЦАТА КРЕАТОРИ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКАТА БАТЕРИЈА ЈА ДОБИЈА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ХЕМИЈАНобел за хемија оваа година заминува кај Џон Гудинаф, Ем Стенли Витингам и Акира Јошино

    Тројца научници заслужни за развојот на литиум-јонската батерија се добитници на годинашната Нобелова награда за хемија.

    Џон Гудинаф, Ем Стенли Витингам и Акира Јошино ќе ја поделат наградата за нивната работа на овие уреди кои денес имаат широка примена во преносната електроника. На 97-годишна возраст, Гудинаф станува најстар добитник на Нобелова награда.

    Литиум-јонските батерии се лесни и моќни батерии што одново можат да се полнат и кои денес се користат во сѐ и сешто, од мобилни телефони преку лаптопи до електрични возила.

    „Овој уред создаде свет што постојано може да се полни“, се вели во појаснувањето на Нобеловиот комитет на Шведската кралска академија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари