ЦЕНИТЕ НА ГЕРМАНСКИОТ УВОЗ СО НАЈГОЛЕМ ПОРАСТ ОД 1974, СТРУЈАТА ЗА ЕДНА ГОДИНА ПОСКАПЕЛА ЗА 360%

    ЦЕНИТЕ НА ГЕРМАНСКИОТ УВОЗ СО НАЈГОЛЕМ ПОРАСТ ОД 1974, СТРУЈАТА ЗА ЕДНА ГОДИНА ПОСКАПЕЛА ЗА 360%Големите поскапувања се случуваат среде острите тензии во глобалната трговија (Фото: ДПА)

    Цените на увозните производи во Германија минатиот месец пораснаа за 24,7% во споредба со лани, објави Федералниот завод за статистика. Тоа е најголемиот скок од октомври 1974, кога цените растеа поради нафтеното ембарго поврзано со четвртата Арапско-израелска војна.

    Во октомври, цените на германскиот увоз беа повисоки за 21,7%. Аналитичарите очекуваа нов скок во ноември, но предвидуваа дека ќе изнесува 22,3%.

    Трендот особено е изразен кај увезената енергија, која била 160% поскапа во споредба со истиот период лани. Природниот гас бил речиси четири пати поскап, додека цените на увезената сурова нафта биле удвоени. Најголем едногодишен раст, од 360%, е забележан кај струјата.

    Големите поскапувања се случуваат среде острите тензии во глобалната трговија, што најмногу се должи на пандемијата на коронавирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира