ЦЕНИТЕ НА ПЧЕНИЦАТА ПОРАСНАА ОТКАКО РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГИ НАПАЃА БРОДОВИТЕ КОИ ПЛОВАТ КОН УКРАИНСКИТЕ ПРИСТАНИШТА

    ЦЕНИТЕ НА ПЧЕНИЦАТА ПОРАСНАА ОТКАКО РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГИ НАПАЃА БРОДОВИТЕ КОИ ПЛОВАТ КОН УКРАИНСКИТЕ ПРИСТАНИШТАРусија ги ракетира украинските пристанишни области откако се повлече од договорот за извоз на украинското жито (Фото: ЕПА)

    Цените на пченицата на светските пазари нагло пораснаа откако Русија се закани дека бродовите што пловат кон украинските пристаништа би можела да ги смета за воени цели. Ова следува откако Москва оваа недела се повлече од договорот за извоз на украинското жито, кој на бродовите им гарантираше безбеден пат преку Црното Море.

    Оттогаш, Русија веќе трет ден по ред ги ракетира украинските пристанишни области. Во денешните напади на Одеса и Миколаив се повредени најмалку 20 луѓе.

    По повлекувањето на Русија од договорот, што би можело да го влоши глобалното снабдување со храна, Украина кажа дека ќе воспостави привремени извозни маршрути преку Романија, која исто така има излез на Црното Море.

    Од полноќ по московско време на 20 јули 2023, сите бродови кои пловат преку Црното Море кон украинските пристаништа ќе се сметаат за потенцијални носители на воен товар. Земјите под чии знамиња пловат тие бродови ќе се сметаат за вмешани во украинскиот конфликт на страната на режимот во Киев“, соопшти руското министерство за одбрана.

    По оваа објава, цените на пченицата на европските пазари скокнаа за 8,2%, а на пченката за 5,4% во споредба со претходниот ден. Цените на американската пченица вчера пораснаа за 8,5%, најмногу во еден ден од почетокот на руската инвазија.

    Министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, изјави дека во вчерашното руско ракетирање на Одеса биле уништени 16.000 тони жито и значителен дел од инфраструктурата за извоз.

    Владимир Путин кажа дека Русија ќе се врати во договорот кога ќе бидат исполнети руските барања околу извозот на руските земјоделски култури и ѓубриво.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира