ЦЕНТАРОТ НА МОСКВА ЗАТВОРЕН ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА НОВИ МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ЗА ПОДДРШКА НА НАВАЛНИ

    ЦЕНТАРОТ НА МОСКВА ЗАТВОРЕН ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА НОВИ МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ЗА ПОДДРШКА НА НАВАЛНИПовеќе од 4.000 луѓе беа уапсени на протестите низ Русија минатиот викенд (Фото: Ројтерс)

    Руските власти затворија метро станици и го ограничија движењето во Москва, во очекување на нови масовни протести во знак на поддршка на притворениот опозиционер Алексеј Навални. Голем број ресторани и продавници во центарот на градот ќе бидат затворени, а подземниот сообраќај ќе биде пренасочен.

    Повеќе од 4.000 луѓе беа уапсени на протестите низ Русија изминатиот викенд. Навални беше приведен по враќањето во Русија на 17 јануари, откако изминатите месеци ги помина на лекување во Берлин по труењето со нервниот агенс новичок.

    Нови големи протести низ земјата се најавени и за денеска, и покрај предупредувањата на полицијата да нема собири и смрзнувачките температури, кои некаде ќе паднат и до -52 Целзиусови степени. Приврзаниците на Навални најавија дека ќе излезат на улица и на крајниот исток, во Владивосток. Неколку блиски соработници на Навални беа приведени во изминатите денови, вклучувајќи ги брат му и активистката на „Пуси рајот“ Марија Аљохина, кои се ставени во домашен притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира