ЦИКЛОН ГО ОПУСТОШИ ЈУГОТ НА АФРИКА, СЕ СТРАВУВА ДЕКА ИМА НАД 1.000 МРТВИ ВО МОЗАМБИК

    ЦИКЛОН ГО ОПУСТОШИ ЈУГОТ НА АФРИКА, СЕ СТРАВУВА ДЕКА ИМА НАД 1.000 МРТВИ ВО МОЗАМБИКБеира во Мозамбик е најтешко погодениот град од циклонот Идаи (Фото: АП)

    Се стравува дека повеќе од 1.000 луѓе загинаа во Мозамбик, во циклонот што четири дена поминуваше низ земјата, уништувајќи цели села.

    „Ова е катастрофа од огромни пропорции. Видовме тела како пловат во реките“, изјави претседателот Филипе Нјуси.

    (Фото: АП)

    Циклонот Идаи најтешко го погоди пристанишниот град Беира во четвртокот, со ветрови од 177 километри на час, но помошта почнала да пристигнува дури вчера. Претставник на Обединети нации кажа дека сите згради во Беира, град со половина милион жители, се оштетени.

    „Нема струја, нема телекомуникации. Нема зграда што не е оштетена. Голем број луѓе си ги изгубија домовите“, изјави Џералд Бурк од ОН.

    (Фото: АП)

    Официјална бројка загинати засега е 84 и циклонот досега убил повеќе од 180 луѓе во јужна Африка.

    „Се чини дека ќе има повеќе од 1.000 мртви. Штетата е огромна и ужасна“, додаде Нјуси.

    Владата на Зимбабве објави дека таму има најмалку 98 загинати и 217 исчезнати, а тешко беше погоден и Малави, кадешто има најмалку 122 мртви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира