ЦИКЛОНОТ ИДАИ СОЗДАЛ ЕЗЕРО ОД 125 КИЛОМЕТРИ ВО МОЗАМБИК, НАЈМАЛКУ 380 ЗАГИНАТИ

    ЦИКЛОНОТ ИДАИ СОЗДАЛ ЕЗЕРО ОД 125 КИЛОМЕТРИ ВО МОЗАМБИК, НАЈМАЛКУ 380 ЗАГИНАТИСе стравува дека може да има повеќе од илјада загинати во невремето (Фото: АП)

    Новите сателитски снимки од пристанишниот град Беира во Мозамбик ги открија вистинските размери на поплавите предизвикани од циклонот Идаи, кој го погоди јужниот дел на Африка пред неколку дена.

    Снимките од Европската вселенска агенција покажаа дека зад циклонот останало огромно езеро со димензии 125 со 25 километри, на местото кадешто претходно имало села и фарми. Претседателот Филипе Нјуси претходно кажа дека се верува дека може да има над 1.000 загинати.

    Голем број луѓе во и околу Беира кои побараа засолниште на покриви и дрвја сѐ уште чекаат да бидат спасени, седум дена откако удри циклонот.

    „Нашата најголема битка е со времето. Досега се спасени повеќе од 3.000 луѓе“, изјави министерот за животна средина Селсо Кореја.

    Циклонот Идаи удри во Беира со ветрови од 170 километри на час, пред да продолжи кон Зимбабве и Малави, загрозувајќи милиони луѓе. Досега е потврдена бројката од околу 380 загинати, од кои 217 во Мозамбик.

    „Ситуацијата сѐ уште е критична“, додаде Кореја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира