ЦИПРАС ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ЛИДЕРСКАТА ФУНКЦИЈА ВО СИРИЗА ПО ТЕШКИОТ ПОРАЗ НА ИЗБОРИТЕ

    ЦИПРАС ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ЛИДЕРСКАТА ФУНКЦИЈА ВО СИРИЗА ПО ТЕШКИОТ ПОРАЗ НА ИЗБОРИТЕЦипрас беше премиер на Грција во периодот кога беше потпишан Преспанскиот договор (Фото: СДК.МК)

    Бившиот грчки премиер Алексис Ципрас објави дека се повлекува од лидерската функција во опозициската партија Сириза по тешкиот пораз на неодамнешните парламентарни избори.

    Дојде времето да почне нов циклус“, кажа Ципрас, повикувајќи на реформи во левичарската партија.

    Сириза освои само 18% гласови во неделата, дури 23% помалку од Нова демократија, која ќе има доволно пратеници за да владее сама.

    Негативните изборни резултати мора да бидат нов почеток за партијата. Јас нема да се кандидирам на следните избори за нов лидер на Сириза“, изјави 48-годишниот Ципрас.

    Тој беше премиер на Грција од 2015 до 2019, во периодот кога беше потпишан Преспанскиот договор, со кој беше решен повеќедеценискиот спор за името со Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира