Првиот црногорски сателит „Луча“ успешно беше лансиран во ниската земјина орбита, соопшти Филип Јовиќевиќ, директорот на организацијата Црногорски вселенски истражувања, која го реализираше проектот.
„Црна Гора со ова испиша ново поглавје во својата технолошка и научна историја“, рече тој.
Претходно беше најавено дека сателитот ќе биде лансиран со ракета „Сојуз“ од космодромот „Восточни“ близу руско-кинеската граница.
„Следната фаза е стабилизацијата на системот. Сателитот веќе го испрати првиот сигнал од вселената, додека полната оперативна комуникација ќе биде воспоставена во периодот до десет дена од лансирањето. Неговата примарна мисија е мерењето на космичката радијација. Сателитетот е опремен и со камера, која ќе снима од височина од околу 600 километри“, соопшти Црногорски вселенски истражувања.
Јовиќевиќ кажа дека следната цел е развојот на првата црногорска ракета, прво суборбитална, а потоа и орбитална.



