Косово денеска ги потврди првите случаи на коронавирус, со што во Европа остана само уште една земја во која тој не е регистриран – Црна Гора. Косовските власти објавија дека се заразени 20-годишна Италијанка и 77-годишен маж.
„Нивната состојба е стабилна“, кажа министерот за здравство Арбен Витија.
Во средата, Косово ги затвори сите училишта и забрани јавни собири до 27 март, како и летови од Италија и уште неколку европски земји.
Иако Црна Гора засега нема случаи на коронавирус, владата најави дека од претпазливост ќе ги забрани сите јавни и приватни собири и ќе ги затвори училиштата на 15 дена.