ЦРНА ГОРА ЗАБРАНИ НОВОГОДИШНИ ПРОСЛАВИ НА ОТВОРЕНО И СВАДБИ ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

    ЦРНА ГОРА ЗАБРАНИ НОВОГОДИШНИ ПРОСЛАВИ НА ОТВОРЕНО И СВАДБИ ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТЦрногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ е последниот европски лидер кој не се вакцинирал против ковид-19 (Фото: Вијести)

    Владата на Црна Гора усвои нови мерки против ширењето на коронавирусот, кои вклучуваат и забрана за организирање новогодишни прослави на отворено. Забранети се и концерти, масовни собири, како и свадби и на отворено и во затворено, а се затвораат и ноќните клубови. Угостителските објекти ќе смеат да работат до полноќ.

    Национална ковид пропусница од претходно е услов за преминување на државната граница и за влез во угостителски објекти и театри, но министерката за здравство Јелена Боровиниќ-Бојовиќ изјави дека постои можност од 1 декември таа да се бара и од сите вработени во државната администрација, како и за влез во јавен превоз и трговски центри.

    „Сите помлади од 40 години кои починаа од ковид-19 од 1 мај наваму биле невакцинирани. Ги молам граѓаните да ги почитуваат мерките и да се вакцинираат“, изјави Боровиниќ-Бојовиќ.

    Новите мерки стапуваат на сила в понеделник и ќе важат најмалку до 1 декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира