ЦРНОГОРСКАТА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГИ ПРОЦЕНИ ЛУКСУЗНИТЕ МЕРЦЕДЕСИ НА ЃУКАНОВИЌ ЗА ДА ГИ ПРОДАДЕ

    ЦРНОГОРСКАТА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГИ ПРОЦЕНИ ЛУКСУЗНИТЕ МЕРЦЕДЕСИ НА ЃУКАНОВИЌ ЗА ДА ГИ ПРОДАДЕЦрногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ излегува од еден од двата „Мерцедеса“, купени за 1,3 милиони евра. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Продажбата на двата државни луксузни автомобили „Мерцедес мајбах“ доцни бидејќи сè уште не е направена нивна проценка, соопшти црногорската влада.

    Црногорската влада на 19 февруари донесе одлука да се продадат двете возила и парите да бидат наменети за помош на ранливи групи граѓани, но министерството за финансии денеска ја известило владата дека на проценителите им е потребно повеќе време за да направат извештај.

    Овие две возила ги користеа претседателот Мило Ѓукановиќ и поранешниот премиер Душко Марковиќ, а беа купени во 2017 година од Агенцијата за национална безбедност со пари од државниот буџет за 1,3 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира