ТУРИСТИЧКАТА АТРАКЦИЈА НАЛИКУВА НА ЧЕРНОБИЛ ПО ЕРУПЦИЈАТА НА ВУЛКАНОТ, ДОСЕГА ШЕСТ МРТВИ И ОСУМ ИСЧЕЗНАТИ

    ТУРИСТИЧКАТА АТРАКЦИЈА НАЛИКУВА НА ЧЕРНОБИЛ ПО ЕРУПЦИЈАТА НА ВУЛКАНОТ, ДОСЕГА ШЕСТ МРТВИ И ОСУМ ИСЧЕЗНАТИВајт Ајленд е прекриен со пепел по вчерашната ерупција (Фото: АП)

    Лекари кои дошле да спасуваат туристи по вчерашната ерупција на вулканот на Вајт Ајленд во Нов Зеланд начекале сцена која наликувала на нешто што излегло од популарната ТВ-серија „Чернобил“.

    „Сѐ беше прекриено со пепел, како сцена од серијата ‘Чернобил‘. Тоа беше доста шокантно искуство“, изјави Расел Кларк.

    Десетици туристи од цел свет биле на островот во моментот на ерупцијата и досега е потврдено дека има шест мртви и осум исчезнати, за кои властите кажаа дека не веруваат дека ќе бидат пронајдени живи. Околу 30 луѓе се примени во болница со сериозни изгореници и некои од нив се животно загрозени.

    Премиерката Џесинда Ардерн најави дека ќе се испита зошто на туристите им беше дозволен пристап кон најактивниот вулкан во земјата три недели откако сеизмолозите предупредија на негова можна активност.

    Група од најмалку 47 туристи била околу вулканот кога се случила ерупцијата и меѓу нив имало државјани на Австралија, САД, Нов Зеланд, Германија, Кина, Велика Британија и Малезија. Властите велат дека е сѐ уште опасно да му се пристапи на островот, а набљудувачките летови не лоцирале преживеани.

    Вајт Ајленд е една од најголемите туристички атракции во оваа област и годишно привлекува околу 10.000 туристи. Седумчасовна тура на островот чини 300 долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира