ТУРКМЕНИСТАН И НАТАМУ ГО НЕГИРА КОРОНАВИРУСОТ, НО ИМ ПРЕПОРАЧА НА ГРАЃАНИТЕ ДА НОСАТ МАСКА ПОРАДИ ПРАШИНА

    ТУРКМЕНИСТАН И НАТАМУ ГО НЕГИРА КОРОНАВИРУСОТ, НО ИМ ПРЕПОРАЧА НА ГРАЃАНИТЕ ДА НОСАТ МАСКА ПОРАДИ ПРАШИНАТуркменистан е една од ретките држави која досега не пријавила случај на зараза (Фото: АФП)

    Владата на Туркменистан им препорача на своите граѓани да носат маска за да се заштитат од прашина, додека и натаму тврди дека во земјата нема случаи на коронавирус. Ова следува откако претставници на Светската здравствена организација ја посетија земјата за да испитаат како таа се справува со пандемијата.

    Туркменистан е една од ретките држави на светот која досега не пријавила случај на зараза, при што дури ја забрани јавната употреба на зборот коронавирус.

    „Луѓето би требало да носат маска поради високите концентрации на прашина во воздухот. Силно им препорачуваме на сите да носат заштитна опрема за да го заштитат горниот респираторен тракт“, соопшти тамошното министерство за здравство.

    Владата исто така им препорача на граѓаните да држат растојание од најмалку еден метар, без да појасни зошто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира