ТУРСКА НОВИНАРКА УАПСЕНА ЗАШТО ГО НАВРЕДИЛА ЕРДОГАН ПРЕКУ ПОГОВОРКА

    ТУРСКА НОВИНАРКА УАПСЕНА ЗАШТО ГО НАВРЕДИЛА ЕРДОГАН ПРЕКУ ПОГОВОРКАСедеф Кабаш се соочува со максимална казна од четири години затвор (Фото: АП)

    Угледната турска новинарка Седеф Кабаш е уапсена и чека судење зашто го навредила претседателот Реџеп Таип Ердоган преку поговорка.

    „Кога вол доаѓа во палата, тој не станува крал, туку палатата станува штала“, напишала Кабаш на Твитер, по што викендов беше приведена.

    Врз основа на турскиот закон за навреда, над 35.500 луѓе завршиле на суд откако Ердоган стана претседател во 2014, а речиси 13.000 биле осудени. Максималната казна за навреда на претседателот е четири години затвор.

    Адвокатот на Кабаш потврди дека таа е задржана во притвор зашто судијата заклучил дека постои ризик од бегство. Педесет и тригодишната Кабаш водеше низа популарни ТВ-емисии во тридецениската новинарска кариера.

    „Навредувањето на нашиот демократски избран претседател со грди и вулгарни изрази претставува напад на народната волја“, изјави Нуман Куртулмуш, заменик-шефот на владејачката партија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира