Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу доби казна откако објави видео како вози пребрзо на автопат, проследено со хаштагот „Турција забрзува“.
Уралоглу се снимал на автопат покрај Анкара и го објавил видеото на Икс. Додека вози слуша фолк песни и исечоци од говори од претседателот Реџеп Таип Ердоган.
На видеото на моменти се гледа брзинометарот, кој покажува дека возел со брзина од 190 до 225 километри на час. Најголемата дозволена брзина на тој автопат е 140 км/час. Неколку часа подоцна Уралоглу објави дека го казниле со 9.267 лири (193 евра) за пребрзо возење.
„Седнав во автомобил за да го проверам автопатот Анкара-Нигде и ненамерно накратко го надминав ограничувањето на брзината. Со видеото се осудив себеси. Отсега ќе бидам многу повнимателен. Придржувањето до ограничувањето на брзината е задолжително за сите“, кажа Умамоглу.