ТУРЦИЈА Е ЗАГРИЖЕНА ЗА НЕМИРИТЕ ВО ВАШИНГТОН, АПЕЛИРА НА ЗРЕЛО ОДНЕСУВАЊЕ

    ТУРЦИЈА Е ЗАГРИЖЕНА ЗА НЕМИРИТЕ ВО ВАШИНГТОН, АПЕЛИРА НА ЗРЕЛО ОДНЕСУВАЊЕТурското МНР ги повика своите државјани да избегнуваат големи собири и протести во САД. - Демонстрант во Конгресот (Фото: АП)

    Турција е загрижена околу развојот на настаните по претседателските избори во САД,  а посебно за денешните немири во Вашингтон, каде што демонстранти влегоа во Конгресот, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

    „Ги повикуваме сите страни да покажат воздржаност и да бидат смирени. Веруваме дека САД ќе ја надмине оваа криза со зрело однесување“, се вели во соопштението.

    Исто така, турското МНР ги повикува своите државјани да избегнуваат големи собири и протести во САД.

    Приврзаниците на сè уште актуелниот претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот, каде што имаше заедничка седница на Сенатот и Претставничкиот дом за потврда на победата на Џон Бајден на претседателските избори во ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира