ТУРЦИЈА ГИ ШПИОНИРАЛА ЃУЛЕНИСТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА

    ТУРЦИЈА ГИ ШПИОНИРАЛА ЃУЛЕНИСТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈАРеџеп Тајип Ердоган сака Турците да го поддржат планот за намалување на улогата на премиерот и создавање извршно претседателство

    Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезије изјави дека на Турција нема да ѝ биде дозволено да ги шпионира Турците кои живеат во Германија. Извештаите велат дека шефот на разузнавачката служба на Турција до неговиот германски колега доставил листа на лица осомничени дека се симпатизери на опозицијата. На листата се фотографии од надзор и лични податоци.

    Германија и другите членки на ЕУ забранија локални собири за поддршка на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Турски министри се обидуваа да водат кампања меѓу етничките Турци за референдумот на 16 април за зголемување на овластувањата на Ердоган.

    Турците во Германија почнаа да гласаат на референдумот за зголемување на моќта на претседателот Ердоган

    Околу 41.000 лица се уапсени во Турција откако обидот за државен удар беше поразен во јули минатата година. Многу од нив се осомничени дека се следбеници на движењето лојално на  американскиот свештеник Фетулах Ѓулен. Турција него го обвини за пучот.

    Според германскиот весник „Зидојче цајтунг“ и неколку јавни радиодифузери, шефот на разузнавачката служба МИТ  на Турција Хакан Фидан, на конференција за безбедност во Минхен во февруари му предал на  Бруно Kaл листа со 300 лица и 200 организации за кои се смета дека се поврзани со движењето на Ѓулен. Очигледната цел била да ги убеди властите на Германија да им помогнат на своите турски колеги, но резултатот беше дека лицата биле предупредени да не патуваат во Турција или да посетуваат турски дипломатски адреси во Германија, дом на 1,4 милиони гласачи кои имаат право да гласаат на референдумот.

    Де Мезије рече дека извештаите не биле изненадување.

    “Ние повеќепати и рековме на Турција дека вакво нешто е неприфатливо”, рече тој. “Без разлика каков став некој може да има за движењето на Ѓулен, тука важи германска јурисдикција и граѓаните нема да бидат шпионирани од странски земји.”

    Полицијата во западната држава Северна Рајна-Вестфалија, изјави за германската телевизија дека листите треба да се земат сериозно, и имаше лут одговор од високи германски личности.

    “Надвор од Турција, јас мислам дека никој не верува оти движењето на Ѓулен стои зад обидот за пуч”, изјави шефот на германското разузнавање Ханс-Георг Mасен.”Во секој случај, јас не познавам никого надвор од Турција кој беше убеден од турската влада.”

    Министерот за внатрешни работи на Долна Саксонија Борис Писториус отиде подалеку, велејќи: “Ние треба да кажеме многу јасно дека се работи за страв од заговор што може да се смета за параноичен.”

    Тајната служба на Германија соопшти дека нема да коментира, но внатрешната безбедносна агенција на земјата истражува за обвинувањата. Минатата недела, обвинителството на Швајцарија рече дека ги испитува наводите дека Турците кои ја критикуваат владата на Ердоган биле шпионирани на предавање во Цирих.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира