Турското небо е затворено за воени и цивилни авиони кои носат војници од Русија во Сирија, јави турската државна телевизија ТРТ, цитирајќи го министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Турција, која е членка на НАТО, има добри односи и со Русија и со Украина и се обидува да посредува за крај на војната во Украина.
„Го затворивме воздушниот простор за руските воени авиони и дури и за цивилни авиони кои одат во Сирија и носат војници“, изјави Чавушоглу.
Руската војска е присутна во Сирија од 2015 година со цел да го поддржи претседателот Башар ал-Асад во граѓанската војна во земјата, која трае од 2012 година.