ТУРЦИЈА ИЗДАДЕ 113 НАЛОЗИ ЗА АПСЕЊЕ ВО ВРСКА СО УРНАТИТЕ ЗГРАДИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ

    ТУРЦИЈА ИЗДАДЕ 113 НАЛОЗИ ЗА АПСЕЊЕ ВО ВРСКА СО УРНАТИТЕ ЗГРАДИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТИлјадници згради се срушија за време на земјотресот и афтершоковите, покренувајќи прашања дали последиците од природната катастрофа се влошени поради човечки грешки. (Фото: ДПА)

    Турските власти велат дека издале 113 налози за апсење во врска со изградбата на згради кои што се срушија во земјотресот во понеделникот. Турската полиција, пак, соопшти дека 12 лица веќе се во притвор.

    Со години, експертите тврдеа дека новите згради во Турција се небезбедни поради ендемска корупција и владините политики. Ваквите политики дозволуваа амнестија за изведувачите кои ги заобиколуваат градежните стандарди, со цел да се охрабри градежен бум, вклучувајќи и нови објекти во регионите подложни на земјотреси.

    Илјадници згради се срушија за време на земјотресот и афтершоковите, покренувајќи прашања дали последиците од природната катастрофа се влошени поради човечки грешки.

    Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган призна дека има недостатоци, но за време на посета на погодениот регион, кажа дека сепак се работи за виша сила.

    „Вакви работи отсекогаш се случувале. Тоа е дел од планот на судбината“, кажа тој.

    Шест дена по катастрофалниот земјотрес, ситуацијата на терен станува сè поочајна. Во саботата, германските и австриските спасувачи ги паузираа спасувачките операции поради судири помеѓу неидентификувани групи во провинцијата Хатај. Се очекува безбедносната ситуација да се влоши поради намаленото снабдување со храна, вели еден од спасувачите.

    Бројката на загинати во земјотресот во Турција и соседната Сирија надмина 28.000. Обединетите нации велат дека 800.000 луѓе се без адекватни оброци и дека очекуваат конечната бројка на загинати да биде двојно поголема.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира