Нетрпеливите патници кои се тркаат да излезат од авион веднаш по слетувањето во Турција би можеле да добијат казни од 60 евра. Турските власти ја воведуваат новата мерка во обид да ги контролираат патниците кои стануваат веднаш по слетувањето и се туркаат во премините меѓу седиштата вадејќи ги од горните шкафчиња рачните торби.
Новата забрана ќе важи за луѓето кои предвреме го откопчуваат безбедносниот ремен и стануваат пред авионот да стигне до терминалот и додека се движи по приодните патеки. Предлогот предвидува патниците да останат да седат дури и откако ќе се исклучи знакот за задолжително врзување на ременот и турските воздухопловни власти се надеваат дека луѓето ќе станат дури откако ќе дојде ред за излегување.
„Согласно регулативата, авиокомпаниите се обврзани да ги потсетуваат патниците да бидат врзани за време и по слетувањето, додека не стигнат до паркинг позицијата и експлицитно да укажат дека секој прекршок ќе биде пријавен во воздухопловната управа и ќе биде изречена парична казна“, соопшти германската новинска агенција ДПА.