Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека турската офанзива против Курдите во североисточна Сирија ќе продолжи и покрај повиците од САД за нејзино запирање.
Министерот за одбрана Мајк Еспер предупреди дека Турција би можела да се соочи со сериозни последици, а министерот за финансии Стивен Мначин ја најави можноста за нови санкции.
Турската офанзива во Сирија беше овозможена откако Доналд Трамп ја повелече американската војска од тој регион, но САД велат дека не ја поддржуваат. Трамп дури се понуди да биде посредник во мировните преговори помеѓу Турција и Курдите, со чија голема помош беше поразена Исламска држава.
Пентагон соопшти дека базата на американските сили во близина на градот на Кобане вчера се нашла под артилериски оган од турски позиции.
„Нема повредени меѓу американските сили. САД бараат од Турција да избегнува идни акции кои би можеле да резултираат со наша автоматска дефанзивна акција“, изјави капетанот на морнарицата Брук Деволт.
Турција негираше дека американската база намерно била гаѓана.
Според Обединети нации, од почетокот на турската офанзива во средата, над 100.000 луѓе ги имаат напуштено своите домови. Засега е потврдена бројката од десетици загинати цивили и припадници на Сириските демократски сили.