ТУРЦИЈА ПО БРЗА ПОСТАПКА ЌЕ ДОБИЕ АВИОНИ „Ф-16“ ОД САД ОТКАКО ГО ОДОБРИ ЧЛЕНСТВОТО НА ШВЕДСКА ВО НАТО

    ТУРЦИЈА ПО БРЗА ПОСТАПКА ЌЕ ДОБИЕ АВИОНИ „Ф-16“ ОД САД ОТКАКО ГО ОДОБРИ ЧЛЕНСТВОТО НА ШВЕДСКА ВО НАТОТурција ќе купи авиони во вредност од 20 милијарди долари (Фото: АП)

    Американскиот амбасадор во Турција изјави дека Конгресот ќе ја забрза постапката за продажба на борбени авиони „Ф-16“ на Анкара веднаш откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе го потпише пристапувањето на Шведска во НАТО, што се очекува деновиве. Амбасадорот Џеф Флејк кажа дека откако Вашингтон ќе го прими официјалниот документ за ратификација, Стејд департментот веднаш ќе испрати известување до Конгресот за продажба на авиони во вредност од 20 милијарди долари.

    По 20 месеци одложување, турскиот парламент во вторникот го одобри членството на Шведска во НАТО, по што Ердоган треба да го потпише законот, што веднаш потоа треба да биде испратено во Вашингтон. Флејк кажа дека очекува тоа да се случи во следните денови.

    „Не гледам причина зошто Турција уште би чекала. Така што, штом тоа биде пренесено во Вашингтон, Конгресот ќе извести за продажба на авионите“, изјави Флејк.

    Џо Бајден вчера испрати писмо до клучните комитети во Конгресот во кое ги информираше за намерата за започнување на формалниот процес на продажба на авиони „Ф-16“ на Турција, веднаш откако таа ќе го ратифицира членството на Шведска во НАТО.

    Шведска аплицираше за членство уште во мај 2022 и Турција и Унгарија останаа последните членки на алијансата кои го блокираа овој процес. Унгарскиот премиер Орбан вчера кажа дека во прва прилика ќе го повика парламентот да го одобри шведското барање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира