ТВИТЕР ИЗБРИШАЛ 10.000 ПРОФИЛИ КОИ ПОВИКУВАЛЕ НА БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС

    ТВИТЕР ИЗБРИШАЛ 10.000 ПРОФИЛИ КОИ ПОВИКУВАЛЕ НА БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕСИзборите за Конгресот ќе се одржат во вторник (Фото: Ројтерс)

    Твитер избришал повеќе од 10.000 профили кои објавувале пораки во кои гласачите биле повикувани да ги бојкотираат претстојните избори за американскиот Конгрес. Демократската партија го извести Твитер за овие постови, од кои се добивало впечаток дека потекнуваат од неа.

    „Презедовме мерки против одредени профили и активности на мрежата. Тие биле тргнати кон крајот на септември и во почетокот на минатиот месец“, изјави портпаролот на компанијата.

    Според изворите од Демократската партија, биле отстранети повеќе од 10.000 профили, што е мала бројка, имајќи предвид дека во претходните слични акции биле укинати милиони профили, одговорни за ширење дезинформации за време на претседателските избори во 2016.

    Посебен комитет на Демократската партија има свој систем за откривање и пријавување на злонамерни автоматски профили на социјалните мрежи, попознати како ботови. Наречен „Ботометар“, тој бил развиен од компјутерски истражувачи од Универзитетот Индијана и е достапен за слободно користење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира