УАПСЕН БИВШИОТ АЛБАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ИЛИР МЕТА ПОД ОБВИНЕНИЕ ЗА КОРУПЦИЈА

    УАПСЕН БИВШИОТ АЛБАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ИЛИР МЕТА ПОД ОБВИНЕНИЕ ЗА КОРУПЦИЈАМета беше претседател на Албанија од 2017 до 2022, а претходно беше и премиер (Фото: АФП)

    Бившиот албански претседател Илир Мета е уапсен денеска под обвиненија за корупција. Неговиот портпарол Теди Блуши кажа дека апсењето е несоодветно и дека ќе биде осудено од сите патриотски и чесни Албанци.

    Блуши појасни дека автомобилот на Мета бил пресретнат од маскирани полицајци, при што тој давал отпор при приведувањето.

    Оваа влада ќе плати цена на секоја улица и секој плоштад“, додаде Блуши запрашан дали би можело да има протести.

    Канцеларијата на јавниот обвинител за корупција и организиран криминал засега не се огласила за апсењето на Мета, но сајтот „Репортер“ објави дека тој е обвинет за корупција, перење пари и за прикривање на своето богатство.

    Мета (55) беше претседател на Албанија од 2017 до 2022, а претходно беше и премиер и спикер на парламентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира