УАПСЕН ИГОР ГИРКИН, РУСКИОТ НАЦИОНАЛИСТ КОЈ ИМАШЕ КЛУЧНА УЛОГА ВО АНЕКСИЈАТА НА КРИМ

    УАПСЕН ИГОР ГИРКИН, РУСКИОТ НАЦИОНАЛИСТ КОЈ ИМАШЕ КЛУЧНА УЛОГА ВО АНЕКСИЈАТА НА КРИМГиркин во последните месеци стана гласен критичар на руските власти (Фото: Гети)

    Руските власти денеска го уапсија познатиот руски националист Игор Гиркин, кој јавно ги критикуваше Владимир Путин и шефовите на војската за начинот на кој ја водат војната во Украина. Сопругата и адвокатот на Гиркин изјавија дека властите се умориле од неговите критики на специјалната воена операција.

    Сопругата на Гиркин изјави дека тој е обвинет за екстремизам, што Кремљ досега не го коментираше.

    Не знам каде се наоѓа, не ме контактирал“, кажа Мирослава Регинскаја.

    Поранешниот офицер на Федералната служба за безбедност, кој е познат и како Игор Стрелков, ѝ помогна на Русија да го анектира Крим и организираше проруски милиции кои освоија делови на источна Украина во 2014. Тој исто така беше обвинет за директна вмешаност во соборувањето на малезискиот авион над Украина во 2014, кога загинаа 298 патници и членови на екипажот, за што холандскиот суд лани го осуди на доживотен затвор.

    Гиркин досега се сметаше за недопирлив поради неговите реноме и врски со властите, но во изминатите месеци стана нивни гласен критичар. Во мај објави дека го формира Клубот на гневните патриоти, со цел да влезе во политиката и, како што кажа, да ја спаси Русија од хаосот кој би можел да уследи поради воените неуспеси во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира