УАПСЕН МАЖ КОЈ СО МЕЧ ПОВРЕДИ НЕКОЛКУ ЛИЦА ВО СРЕДНО ШКОЛО ВО ШВЕДСКА

    УАПСЕН МАЖ КОЈ СО МЕЧ ПОВРЕДИ НЕКОЛКУ ЛИЦА ВО СРЕДНО ШКОЛО ВО ШВЕДСКАПолицијата е на лице место и интензивно работи на случајот, рече министерот за правда Гунар Стромер. (Фото: ДПА)

    Неколку лица се повредени денеска во шведско средно училиште лице вооружено со меч, соопшти општината Фагерста во централна Шведска. Инцидентот се случи во „Бринелскола“, средно училиште во Фагерста. Според шведските медиуми, осомничениот сторител е маж. Полицијата наводно пукала во него и го погодила во ногата. Околните училишта беа евакуирани.

    „Примен е повик за случај на тековно смртоносно насилство во училиште во Фагерста. Полицијата излезе на местото на настанот и едно лице е приведено“, се наведува во полициското соопштение. „Полицијата продолжува да работи на терен со ангажирање на различни ресурси. Се апелира до јавноста да ги почитува полициските блокади и да постапува според упатствата на полицијата“.

    Владата е во тесна комуникација со полицијата по нападот, изјави министерот за правда Гунар Стромер за Ројтерс.

    „Информирани сме за сериозен инцидент во Фагерста. Полицијата е на лице место и интензивно работи на случајот“, рече Стромер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира