УАПСЕНИ ДВАЈЦА МАЖИ КОИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ГО УЦЕНАТ СЕМЕЈСТВОТО НА МИХАЕЛ ШУМАХЕР

    УАПСЕНИ ДВАЈЦА МАЖИ КОИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ГО УЦЕНАТ СЕМЕЈСТВОТО НА МИХАЕЛ ШУМАХЕРШумахер настрада во скијачка несреќа на 29 декември 2013 и оттогаш не е виден во јавност (Фото: ДПА)

    Германското обвинителство соопшти дека семејството на легендата на Формула 1 Михаел Шумахер било жртва на обид за уцена и дека двајца мажи биле уапсени. Портпаролот на јавното обвинителство во западниот град Вупертал изјави дека уценувачите им тврделе на вработените во семејството дека поседуваат досиеја кои семејството не би сакало да бидат јавно објавени.

    Тие барале исплата во милиони евра за да ја задржат информацијата во тајност, во спротивно ќе ја објават на интернет. Сторителите испратиле некои досиеја до семејството како доказ“, рече портпаролот.

    Со помош на „технички мерки“ било утврдено дека уценувачите дејствувале од Вупертал. Татко и син на возраст од 53 и 30 години се уапсени на 19 јуни во супермаркет. И двајцата биле на условна казна во врска со друг случај, соопштија властите.

    Многу малку се знае за здравјето на седумкратниот светски шампион во Ф1 откако настрада во скијачка несреќа на 29 декември 2013. Тој се здоби со сериозни повреди на главата и оттогаш не е виден во јавност. Семејството енергично ја брани неговата приватност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира