УБИЕЦОТ ОД ЛАС ВЕГАС БИЛ МУЛТИМИЛИОНЕР И СТРАСЕН КОЦКАР

    УБИЕЦОТ ОД ЛАС ВЕГАС БИЛ МУЛТИМИЛИОНЕР И СТРАСЕН КОЦКАРСе уште никој не ги знае мотивите на најсмртоносното пукање во историјата на САД (Фото: Ројтерс)

    Последните финансиски трансакции на Чарлс Падок станаа главен фокус на истрагата, која се уште се обидува да ги дознае мотивите на најсмртоносното пукање во историјата на САД, кога во Лас Вегас беа убиени 59 луѓе, а над 500 се повредени.

    Полицијата открила дека Падок неодамна испратил десетици илјади долари во Филипини, каде што во последно време престојувала неговата партнерка Марилу Денли. Во соработка со тамошните власти, таа се врати во Лос Анџелес, со цел да докаже дека нема врска со нападот и ФБИ се надева дека ќе добие корисни информации од неа.

    Во меѓувреме, полицијата почна да го склопува мозаикот на профилот на 64-годишниот Падок, кој живеел во комуна за стари лица во близина на Лас Вегас и бил страствен коцкар, при што неговиот брат Ерик го опиша како мултимилионер.

    Само во последните три години, Падок имал 200 големи трансакции во казината, од кои се дознава дека тој редовно се коцкал со големи суми на пари.

    „Тој неодамна доби 40.000 долари на апарат за коцкање, тоа беа нормални суми за него. Чарлс беше мултимилионер. Заедно имавме бизнис зделки и водевме имот. Немам сознанија дека имал коцкарски долгови“, изјави Ерик Падок.

    Полицијата дојде до многу докази дека Падок детаљно го планирал нападот.

    Во хотелската соба на Падок биле пронајдени 23 парчиња огнено оружје

    „Тој ги свртел камерите така да може да види кога се доближува полиција. Во неговата соба имаше 23 парчиња огнено оружје, а арсенал оружје и експлозиви се пронајдени и во неговиот дом. Сето ова е чудно, бидејќи Падок немал криминално досие, ниту и бил познат на полицијата. Исто така, нема никакви докази дека имал врски со меѓународниот тероризам“, изјави висок офицер од националната безбедност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира