УЧИТЕЛ ВО ФРАНЦИЈА ОБЕЗГЛАВЕН НА УЛИЦА ОТКАКО НА УЧЕНИЦИТЕ ИМ ПОКАЖУВАЛ КАРИКАТУРИ НА ПРОРОКОТ МУХАМЕД

    УЧИТЕЛ ВО ФРАНЦИЈА ОБЕЗГЛАВЕН НА УЛИЦА ОТКАКО НА УЧЕНИЦИТЕ ИМ ПОКАЖУВАЛ КАРИКАТУРИ НА ПРОРОКОТ МУХАМЕДНапаѓачот беше убиен од полицијата откако одбил да се предаде (Фото: Ројтерс)

    Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша вчерашното обезглавување на учител во северозападно предградие на Париз како „исламистички терористички напад“.

    Неименуваниот учител, кој на своите ученици им покажувал контроверзни карикатури на пророкот Мухамед, бил нападнат со голем нож во близина на училиштето во Конфлан-Сент-Оноран. Напаѓачот подоцна беше убиен од полицијата.

    „Убиството ги има обележјата на исламистички терористички напад. Еден од нашите граѓани е убиен затоа што ги учел децата на слобода на изразувањето. Тие нема да победат, ние ќе дејствуваме“, изјави Макрон.

    Полицијата не даде детали за напаѓачот, додека локалните медиуми објавија дека станува збор за 18-годишен Чеченец роден во Москва. Тој бил застрелан откако одбил да се предаде.

    Девет лица се уапсени, вклучувајќи ги родителите на ученик на кој му предавал убиениот учител по историја и географија. Според весникот „Л‘Монд“, тој на часовите зборувал за слобода на изразувањето, што го поврзувал со карикатурите на Мухамед, кои беа повод за масакрот во редакцијата на магазинот „Шарли Ебдо“ во 2015.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира