УКРАИНА ГИ ДОБИ ПРВИТЕ ПРОТИВВОЗДУШНИ СИСТЕМИ „НАСАМС“ И „АПСАЈД“

    УКРАИНА ГИ ДОБИ ПРВИТЕ ПРОТИВВОЗДУШНИ СИСТЕМИ „НАСАМС“ И „АПСАЈД“НАСАМС е систем со среден дострел кој заеднички беше развиен од САД и Норвешка

    Украина објави дека ја примила првата испорака на противвоздушните системи „НАСАМС“ и „апсајд“.

    Ќе продолжиме да ги соборуваме непријателските мети кои нè напаѓаат. Им благодариме на нашите партнери САД, Шпанија и Норвешка. Овие оружја значително ќе ја засилат украинската армија и ќе го направат нашето небо побезбедно“, напиша украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников на Твитер.

    Минатата недела, Пентагон објави дека ќе испрати осум системи од типот „НАСАМС“ во Украина, од кои два треба да пристигнат во блиска иднина. „НАСАМС“ е одбранбен систем со среден дострел кој заеднички беше развиен од САД и Норвешка.

    Истовремено беше договорено Шпанија да испрати нова воена помош во Украина, која ги вклучува и италијанските противвоздушни системи „апсајд“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира