УКРАИНА ИМ КАЖА НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ ДА ЈА НАПУШТАТ РУСИЈА

    УКРАИНА ИМ КАЖА НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ ДА ЈА НАПУШТАТ РУСИЈАПретседателот Зеленски нареди регрутација на воените резервисти од 18 до 60 години (Фото: Шатерсток)

    Украина им порача на своите граѓани да не патуваат во Русија, а оние кои се таму, веднаш да си заминат, додека парламентот расправа за воведување вонредна состојба во граничните региони.

    „Министерството за надворешни работи им препорачува на граѓаните на Украина да се воздржат од секакви патувања во Руската Федерација, а оние кои се веќе таму, веднаш да ја напуштат нејзината територија. Поради засилувањето на руската агресија против Украина нема да можете да добиете конзуларна помош во Русија“, соопшти министерството.

    Се проценува дека во Русија живеат неколку милиони Украинци.

    Ова следува откако претседателот Володимир Зеленски нареди регрутација на воените резервисти на возраст од 18 до 60 години, чија бројка се проценува на 900.000.

    „Се подготвуваме да воведеме вонредна состојба, барем во некои делови од земјата“, напиша пратеничката Лесја Василенко на Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира